Српскиот амбасадор во Загреб Станимир Вукичевиќ пренесе протест до помошникот на министерот за надворешни рабпти на Хрватска Жељко Купрешак, заради кршењето на таблата со името на генералниот конзулат на Србија во Ријека, како и кршењето на прозорец. Притоа изразено е жалење, но и уверување дека нападот врз конзулатот бргу ќе биде расветлен. Србија се повикува на Виенската конвенција за конзуларни односи во однос на заштита на странските ДКП и вработените лица. Генералниот Српски конзулат неколку пати до сега бил цел на напади, а последниот пат, во април врз зградата беше фрлен Молотов коктел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


