Американската одбрана ќе обезбеди помош за Филипини во справување со последиците од разорниот тајфун во кој проценките се дека загинале над 10 илјади луѓе. На помош ќе дојдат морнарицата и воздухопловните сили.
Секретарот за одбрана Чак Хејгел нареди Пацифичката команда на молба на филипинската Влада да поддржи хуманитарни операции на САД на Филипините. Се изразува и подготвеност на Пентагон да даде поддршка во обнова на Филипини, јавуваат американски медиуми.
Европската комисија издвои три милиони евра од фондови за итна помош и ќе испрати тим експерти за хуманитарна помош, додека ОН ќе обезбедат шатори, храна и испорака на хуманитарна помош.
Велика Британија соопшти дека ќе даде помош вредна повеќе од шест милиони долари. Главниот удар од тајфунот Хаијан ја погоди провинцијата Лејти и источниот остров Самар.
Речиси целосно е уништен крахбрежниот град Таклобан во кој живеат 220.000 луѓе. Тајфунот Хаијан е 30-от тропски циклон кој се формираше во Тихиот Океан оваа година со брзина на ветрот од 275 км/час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












