Неколку илјади лица учествуваа на протестите во Софија на кои беше побарана оставка на Владата на премиерот Пламен Орешарски и одржување предвремени парламентарни избори.
Протестите беа организирани по повод 24-годишнината од падот на комунистичкиот режим во Бугарија. Главни организатори на протестот беа групата студенти кои веќе неколку недели штрајкуваат против Владата, забарикадирани во софискиот Универзитет.
Учесниците на демонстациите ја обвинија коалициската Влада на социјалистите и на партијата на бугарските Турци, која е избрана пред пет месеци, за корупција и за „поврзаност со сомнителни бизниси“.
Демонстраните, кои извикуваа „Мафија“ и „Оставка“ и свиреа со свирчиња, одржаа протесна прошетка низ главните улици во центарот на Софија, отакако полицијата ги блокира реоните околу владините згради и не им дозволи пристап до нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


