| четврток, 6 декември 2018 |

Желев: Треба да ја поддржиме Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Правото да го избираш името на сопствената држава е свето право и никој не може да го нарушува” изјави Желев

zelju-zelev-652Ние сите треба да ја поддржиме Македонија во нејзиниот стремеж за полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Ние најмалку треба да и го пресечеме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Се разбира, Македонија треба да одговори на сите критериуми и побарувања, кои се валидни за останатите балкански земји, кои веќе се полноправни членки на ЕУ и НАТО. Евроатлантските интеграции треба да биде политика на сите за обединување на државите на Балканот. Тое е апсолутно неопходно – посочува претседателот Желев.

Тој ја повтори тезата дека главниот виновник за проблемот со името на Македонија е Европската Комисија. “Како може да се допушти да се решава името на една држава од други.

Тој механизам за земање на решенија со целосен консензус е потполен идиотизам. Така буквално се дава можност на соседите да се расправаат со државата, која се набјудува. Ако не постои таков механизам, грчкото вето немаше да успее. Ваков начин да се уредува прашањето фактички ја лишува Македонија од правото на избор. Правото да го избираш името на сопствената држава е свето право и никој не може да го нарушува” изјави Желев.

Според него Грција можеше да има претензии за името на Македонија, ако таа бии си го дала и сопственото име и да се нарече на пример Северозападна Грција или Горнопланинска Грција.

Ова денес го изјави претседателот Жељу Желев на јавната дебата на тема “Улогата на граѓанско експетскиот потенцијал во внатрешната политика на Бугарија во светло на “црвениот картон” на Софија кон Скопје во однос на преговорите со Европската Комисија.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top