Штефан Фуле Еврокомесарот за проширување утре ќе ја посети Албанија, во услови на зголемени политички тензии и на ден кога опозицијата најави протести „против кражбата на гласови“.
Опозицијата обвини за манипулации на предвремените избори за градоначалник на Корча, на кои убедливо победи кандидатот на владејачките социјалисти. Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, оцени дека гласањето во Корча претставува „продолжение на кражбата од јунските парламентарни избори“.
Изборите во јуни беа организирани од тогашната Влада на демократите.
Најавено е дека за време на престојот во Тирана, Филе ќе се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама, со претседателот на Парламентот Илир Мета, со шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, со министерката за евроинтеграции Кладја Ѓоша и со лидерот на демократите Баша.
Тема на разговорите ќе биде интегративниот процес, пред декемвриската одлука на земјите-членки на ЕУ дали да и се додели кандидатски статус на Албанија. Конструктивниот политички дијалог и консензусот за реформи поврзани за евроинтеграцијата на земјата Брисел ги смета за клучни на патот на Албанија кон ЕУ.
Највено е Филе да го посети и Драч каде ќе се обрати на семинарот „Регионална академија за демократија“ на кој учествуваат лидери на политички подмладоци и граѓански организации од седум балкански земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


