| четврток, 6 декември 2018 |

Баросо: ЕУ ќе го исполни ветувањето за прием на нови членки

goran-kol-02-baroso-copy

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјавил дека ширењето на Европската унија е еден од нејзините најголеми успеси и дека ЕУ и понатаму ќе го исполнува ветувањето дадено на земјите кандидати за стапување во членство.

– Вратата на унијата остануваат отвоерени, но тоа секако значи и дека нашите партнери треба да ги реализираат своите улоги и да преземат дел од нивната одговорност.  Приемот на нови членки не стана полесен, но тоа само по себе не може да се предвиди. Не смееме да заборавиме дека тоа е геостратешки проект од прв ред затоа што во прашање е шириење на дејства и влијание на нашата унија што е наш најсилен интерес. Треба да го обликуваме своето соседство, инаку ќе го обликуваат други. Отвореноста на нашата унија не смее само да бие во економски рамки, истакнал Баросо на собирот во Цирих.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top