
Момчето кое вчера падна од провалија висока 20 метри кај изворите на Бабуна под Солунска глава, почнал поради удар со глава во камен, информираат од велешката полиција.
– Во критичниот момент Атанас Лиасовски (24) во 13 часот и 30 минути се движел во група од шест лица на возраст од 20 до 30 години меѓу кои била и неговата девојка. Сите биле очевидци не трагичниот настан, тие виделе како нивниот пријател Атанас се лизнал и паднал и удрил во камен. Но поради непристапниот терен никој не можел да му помогне, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Поради непокриеност на местото со мобилна телефонија неговите другари во полиција се јавиле за помош дури еден час по несреќата.
Според официјалната информација на СВР Велес, по повикот во полиција, на лице место на несреќата отишол хеликоптер на Специјалните единици на МВР и биле превземени мерки за извлекување на настраданиот.
Тој попладнето во 17 часот и 30 минути бил пренесен во Итната медицинска помош во Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


