| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот Бакрачески ќе биде кум за Водици во Охрид

nikola bakraceski

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, e новиот кум на одбележувањето на големиот верски празник Водици за 2014 година.

Бакрачески ја прифати поканата на Здружението „Богојавление” да биде кум на празникот и на најголемата верско-црковна манифестација „Богојавление Водици“ на овој дел од Балканот која секоја година во Охрид собира десетици илјади верници.

– Чест и привилегија е да се биде Кум на големиот христијански празник Богојавление-Водици, празник кој најнапред има голема верска и духовна димензија поврзана со традицијата на православниот македонски народ, а истовремено овој свет ден за Охрид претставува презентација на верскиот туризам, како алтернативна туристичка понуда на градот, изјави градоначалникот Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top