| четврток, 6 декември 2018 |

Во војната во Сирија убиени најмалку 52 новинари, а 30 се киднапирани

asad sirija

52 новинари се убиени, а најмалку 3о се киднапирани од почетокот на граѓанската војна во Сирија, соопшти њујоршкиот Комитет за заштита на новинари.

Киднапирањата се многу распространета појава во Сирија, но нивните медиумски организации се решаваат да не ги пријавуваат случаите од страв дека киднаперите можат да се откажат од преговори и да ги убијат новинарите.

Според податоците на здружението Новинари без граници со седиште во Париз, од избивањето на сириската војна најмалку 60 новинари биле заробени, а 110 се убиени.

Големите разлики во податоците на двете организации е во разликата во дефинирањето на поимот новинар. Голем број од информациите кои доаѓаат од Сирија не се од новинари, туку од луѓе кои работат за разни локални медиумски канцеларии кои ги формирааат бунтовниците, па поради тоа некои организации ги сметаат како новинари.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top