Најмалку 10.000 луѓе загинале во налетот на разорниот тајфун Хаијан во провинцијата Лејте на Филипини. Еден од најсилните тајфуни во историјата на Земјата избриша од картата 70 до 80 проценти од населените места кои му се најдоа на патот.
Хаијан движејќи се со брзина од 275 километри на час пропратен со бранови високи пет до шест метри во петокот мина низ средиштето на островите Лејте и Самар, а утрово значително ослабен удри во северниот дел на Виетнам.
– Размерите на разорување може да се видат од хеликоптер. Километар во длабочина од брегот нема ниту една градба. Беше како цунами. Немам зборови за да го опишам тоа што го видов. Страшно!, изјавил министерот за внатрешни работи на Филипини Мануел Роксас по посетата на едно од најпогодените места.
– Мртви има по улиците, во куќите, под урнатините, насекаде…, изјавил службеник во градската управа.
Во меѓувреме, Виетнам евакуирал повеќе од 600.000 луѓе пред главниот налет на тајфунот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.