| четврток, 6 декември 2018 |

Тие се славни и се зависни од секс

Многу ѕвезди од Холивуд имаат пороци, а некои од нив претерано сакаат да уживаат во нив. Овие ѕвезди се зависни од секс.

Роби Вилијамс:

Пејачот Роби Вилијамс и самиот призна дека имал секс со голем број на жени, меѓу кои се нашле и негови обожавателки.

Кание Вест:

Раперот Кание Вест вели дека не му смета тоа што неговата сопруга Ким Кардашијан имаше домашно видео кое го виделе милиони. Како што и самиот кажа тој сака секој ден да практикува секс.

Линдзи Лохан:

Контроверзната глумица призна дека е зависна од алкохол и таблети, а беше и во клиника за одвикнување. Покрај тие пороци, Линдзи беше во врска со скоро сите мажи од Холивуд, а тука може да се вмеша и некоја девојка.

Колин Фарел:

Глумецот за кого сите жени лудуваат, веќе неколку пати беше виден како конзумира разни видови опијати, а веќе има и секс видео на интернет. Неговата бивша сопруга се „жалеше“ дека не можела да ги задоволи неговите барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top