| четврток, 6 декември 2018 |

Долната облека не е во мода

Британската манекенка и учесничка на емисијата „Танц со ѕвездите“ Еби Кленси на една хуманитарна ревија се појави во предизвикувачки фустан.

Откако ја видовме глумицата Џејми Александер во прозирен фустан, уште една убавица се реши на креација за која долната облека е бесмислена.

Најверојатно до сега не знаевте ништо за неа, од сега ќе знаете дека е манекенка од Ливерпул, а ќе ја запамтите и како сопруга на англискиот фудбалер Питер Крауч.

Таа на хуманитарната акција наречена „Мода за храбри“ се појави во фустан кој ја покривал само од напред и од назад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top