| четврток, 6 декември 2018 |

Дебарска гимназија забрани носење на мобилни за време на настава

Управата на дебарската гимназија „Здравко Чочковски“ одлучи, од сега па натауму ниту еден ученик веќе не може да оди на настава со мобилен телефон.

– Свесни сме дека живееме во модерно време, на интернет, но сакаме наставниот процес да се одвива како што треба, вели директорот Ќерам Леши.

Како што вели тој, најголем виновник што учениците носат мобилни во училиште се родителите.

– Проблемот е во факторот човек, но ние како инситуција ќе го елиминираме за кус временски рок. Истото ќе важи и за професорите, и тие во иднина нема да може да одат на настава со мобилни зашто тоа е лош пример за учениците, нагласува Леши

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top