КК Работнички оваа сезона ја започна со пет победи од пет натпревари. Во ова коло Работнички на гостински терен во СЦ Борис Трајковски ја совлада екипата на Карпош Соколи со 72-78. Во ниту еден момент не беше доведен во прашање победникот иако резултатот не ја отсликува вистинската состојба на теренот. Во текот на сите 40 минути избраниците на Емил Рајковиќ ја контролираа играта, освен на почетокот на последниот дел кога Соколи се доближи на минус четири поени. По тајмаутот на Работнички со ангажирана игра во одбаната успеа да се одлепи на девет поени и рутинирано да го приведе натпреварот до крај.
Нерешлива енигма за тренерот на Соколи Петровиќ, беше овогодинешното засилување на Работнички Душан Кнежевиќ со 24 поени пред Симоновски со 16, Мбемба со 12 и Соколов со 11 поени. Кај домаќините Милошевиќ оствари дабл-дабл со 24 поена и 14 скока, но и тоа не беше доволно за нова победа на Соколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.