На плоштадот Македонија утре во 16:30 часот ќе почне традиционалната Ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, што секоја година се одржува по повод Денот на ослободување на градот Скопје, 13 Ноември.
Стартот на трката ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Ќе се трча во правец на Порта Македонија, се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ се излегува од сутеренот на ГТЦ се врти десно на ул. „Филип Втори Македонски“ (поранешна ул. „Војвода Васил Аџиларски“) покрај Градската болница се врти десно и се излегува на ул. „11 Октомври“ кон собранието на Р. Македонија во правец на ул. „Димитрија Чуповски“, покрај „Рекорд“, пред семафорите се врти десно во правец на Плоштад Македонија, а целта е кај Плоштад Пела под Триумфалната капија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.