Тројца скопјани на возраст од 21 до 28 години, кривично ќе одговараат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, и за овозможување на употреба наркотични дроги. Полицијата информираше дека биле пронајдени и одземени 87 зипер кесички, дигитална вага и едно пакување облепено со селотејп лента со наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 208,88 грама, како и огледало, банкнота од 100 денари и зипер кесичка со остатоци од кофеин и лидокаин.
Истражен судија на тројцата осомничени им одредил мерка притвор во траење од по 30 дена. Полицијата нема информации од кого осомничените ја купувале марихуаната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.