Група на млади битолчани направиле хаос во кафеана, напаѓајќи три лица со сѐ што им дошло при рака, шишиња, столици и ножеви, нанесувајќи им тешки телесни повреди. Битолската полиција поднела кривична пријава против седум лица, сите од Битола, М.Ј.(38), Е.И(41), Н.Ш (18), С.Д.(15), Џ.К(17), В.К. (17) и Е.И(16) кои на седми овој месец направиле хаос во кафеаната „Гоцева порта“ на улица „Булевар 1 Мај“ во Битола.
Групата насилници без повод и причина околу 21.30 часот , со разни дрвени, метални и пластични предмети, како и шишиња и ножеви нападнале три лица М.Х (28), М.Џ.(27) и Б.Т.(30), сите од Битола кои биле гости во кафеаната.
Од силните удари на двојно повеќето насилници, нападнати се при што им нанеле посекотини на прсти, потрес на мозок, фрактура на десна клучна коска и контузија, констатирани од лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)