Л.С..(38) од селото Брзак им подлегна на повредите задобиени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во близина на Агино село на автопатот Куманово-Скопје.
Според Куманово Њуз жената починала доцна синоќа во болница во Скопје. Нејзиниот сопруг, Марјан.С.(39), кој го управувал автомобилот загинал на лице место.
Тешката сообраќајна несреќа се случи вчера околу 16 часот, кога автомобилот венто, во кој се превезувале двајцата сопружници поради неприлагодена брзина излетал од патот и удрил во брегот на автопатот, неколку пати се превртел и преминал на спротивната коловозна лента и удрил во друго возило.Повредите биле фатални за двајцата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч