
Четири возила учествуваа во сообраќајниот карамбол што доцна синоќа се случи во строгиот центар на Скопје.
Сообраќајката се случила околу 3 часот изутрина, во близина на главната автобуска постојка во центарот на градот.

Главната улица беше во прекин, при што полициски екипи вршеа увид на местото на настанот. Во сообраќајката учествувале четири возила, и тоа две возила „фолксваген“ – јави Телеграф.
Се уште нема информација за евентуални сериозни повреди на инволвираните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


