Македонската православна црква ја интересираат само парите, скапите одежди на владиците и големите епархии. Воопшто не водат грижа за верниците надвор од Македонија, изјави отец Никодим Царкњас, единственото свештено лице што богослужи во деловите каде што живеат Македонци во северниот дел на Грција – објави Канал 5.
Изградабата на црквата на МПЦ во Воден, Грција, е почната пред 10 години со помош на македонската дијаспора во САД и Австралија. И толку, вели Царкњас и прашува зошто митрополитот на Европската епархија на МПЦ досега ниту еднаш не дошол во Грција и да да им даде барем духовна подршка на верниците Македонци.
„Немаме никаква поддршка и од македонските власти чии залагања, како и оние на црквата се премногу тивки, а тоа пак ги обесхрабрува активистите од македонското малцинство во Грција“, вели Царкњас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.