
Вардаровите навивачи Комити, од вечерва го бојктираат клубот затоа што не им се исполнети барањата меѓу кои и враќањето на западната трибина на стадионот Филип Втори.
Во нивното исцрпно соопштение, објавено вечерва се вели:
„Би сакале да го известиме пред се нашето членство, сите симпатизери на Вардар, оние кои не поддржуваат но и целокупната Македонска Спортска и Фудбалска јавност, дека во изминатиот период имаше иницијална средба на преставници на навивачката група Комити Запад со Управата на Фудбалскиот Клуб Вардар, преставувана од претседателот и директорот на клубот.
На средбата покрај искажаната и потенцирана наша исконска желба да се вратиме на стадион на нашата матична Западна Трибина, и беа доставени неколку барања кои се неопходни да се остварат се со цел да се креираат елементарни услови за истото да се случи:
1) Промена на Обезбедувањето на Западната трибина, кое намерно иницира инциденти цела измината полусезона;
2) Смена на комесарот за безбедност на ФК Вардар;
3) Признавање и почитување на ставот на навивачката група Комити, дека не е преставувана од ниту едно Здружение на граѓани

Во контекст на овие барања добронамерно им беа дадени и идеи за натамошно попрофесионално функционирање на клубот, од типот Ангажирање на докажани фудбалски работници, подобар и поактивен маркетинг на клубот, се со цел трибините на градскиот стадион да бидат исполнети како што доликува на клуб со име Вардар.
Разговорот односно средбата помина во конструктивна атмосфера и меѓусебно разбирање, ни беше кажано дека барањата се легитимни и на место и дека се на прв поглед прифатливи, но и дека хиерархиската поставеност на клубот е таква што за ова прашање требало да се изјасни и Одборот на Директори на Клубот и истото да биде одобрено. За одговор ни побараа една седмица, во времето кои самите си го определија немаше никаков одговор, ни беше побарана уште една седмица, беше одобрена и со разбирање прифатена од наша страна. Времето одамна помина а до денешен ден одговор на барањата кои патем за Управата беа веднаш прифатливи не добивме, не бевме ниту удостоени со повик за искажување на било каков став, по клубски канали или јавен, потврден или негативен одговор, едноставно молк, однесување кое не доликува на преставници на најголемиот Макеконски Спортски Бренд во Македонија и пошироко ФК Вардар…
Комити до сега се надеваа дека Управата на Фудбалскиот Клуб Вардар забележа и сфати дека Вардар не е Вардар во вистинска смисла на зборот без “своите” навивачи, без Комити, но очигледно погрешија, и тие што го водат клубот очигледно баш и не се грижат за тоа што значи Вардар, и дали е се како што треба или не, тие се грижат само од понеделник до петок од 8:30 до 16:30ч. и дали на први во месецот ќе легне нивниот личен доход на нивните трансакциски сметки или не.
Комити од денес стапија во Активен Бојкот!
Денес преставници на навивачката група Комити беа на последниот тренинг на клубот пред заминувањето во карантин на екипата во Охрид, во пресрет на дуелот со Турново кој ќе се одигра повторно во Охрид
На тренингот беа поздравени играчите и стручниот штаб, им беше дирекно соопштена нашата безрезервна поддршка кон нив, нашиот револт и неидење на натпреварите не е поврзано на никаков начин со нивната игра и залагање, за кои имаме само комплименти и очекувања да се продолжи во ист ритам, но и нашата горчина бидејќи иако покажавме голема конструктивност, добра волја и отстапка на дел од предходно утврдените позиции, сепак Управата не најде сила да ја прифати реалната состојба, и останаа неми климачи на директивите за наше маргинализирање, обиди и дејствија за наше ослабнување и уништување. Во “Вардарците” од управата не проработе ниту преовлада Вардарското чуство кое само членовите на Црвено-Црното семејство го носат длабоко во себе, преовлада нешто друго, она што во суштина во последно време и се случува околу Вардар, преовлада сивилото и бездушноста…
Играчите, Стручниот штаб и Навивачите веднаш меѓусебно го препознаа моментот на искрената желба за решавање на состојбите како би биле покрај нашата заедничката љубов, од која што сме раздвоени поради алчност на поединци, нереалната амбиција за манипулација со маси, и негрижата за состојбите во клубот од страна на оние кои де-факто или де-јуре го водат клубот. Недостига алката Управа во целата приказна, без било која од тие компоненти сликата не е целовита, без било која од овие целините Вардар не е Институција која сите ја познаваме, мечтаеме, живееме, се гордееме…
Секој оној кој му мисли добро на Вардар тоа го знае и веднаш знае да го препознае, но дали кај оние кои моментално раководат со клубот допира тоа, не знаеме, дека се во Вардар знаеме. но дали се и Вардарци, веќе не сме сигурни…
Комити нема да си дозволат себеси да бидат заморчиња на некои “стручни глави” кои одлучиле дека на Македонија и се потребни нови закони за “хулигани”, категорија која никогаш ниту била ниту е позната и присутна, но знаеме дека е тоа добра и интересна вест, знаеме дека “ловот на вештерки” секогаш знае да го одвлече вниманието на сосема различни категории на граѓани, кои им се пак потребни на некое друго место, време, настан, и кое исто така секогаш како и фудбалските возбудувања, се случува само во недела…Токму затоа никогаш не сме биле во можност да љубиме настани кои се случуваат во исто време кога игра нашиот Вардар, единствената наша партија и наша религија!
Ова соопштение е воедно повик до нашето членство уште поактивно да се мобилизира на сите настани кои ги организира и поддржува групата и подгрупите, кои во наредниот период ќе зачестат, и групата ќе се заложи максимално да на сите можни легални и легитимни начини дојде до посакуваната цел – Враќање на Западната трибина како горди и достојни Комити, кои не потклекнуваат пред опструкциите, притисоците и “добронамерните совети” кои во последно време се се пофреквентни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
„Комити“ порачаа: Северна никогаш, Македонија секогаш (ФОТО)
-
Правда за Саздо – Комитите повикуваат да го кренеме гласот против неправдата!
-
Александар Пандов: Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо “Боже, чувај ја Македонија”


