Ретко искрено интервју од Ламбе Алабаковски во „Еден на Еден“ кај Жаре. Во најавата Ламбе зборува за верата, неговите размислувања околу таа тема и начинот на кој луѓето околу него (не) го прифаќаат тоа.
Ќе биде интересно да се чуе и случката кога Ламбе не се вратил дома цели пет дена по некој настап, а младиот пејач ќе проговори и за многуте озборувања дека причината за честите посети на манастирот „Св. Јован Бигорски“ е неговата зависност од дрога.
Не пропуштајте ја новата „Еден на Еден“ во која освен Ламбе ќе гостуваат и ракометарите Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов пред големото дерби во Лигата на шампионите на нивните екипи, Металург и Вардар. Гледајте в недела на ТВ „Алфа“, во 20.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.