| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаш да ми бидеш девојка?

Писмото кое едно момче ѝ го прати на неговата соученичка Ешли стана вистински хит на интернет.

Малиот Американец ѝ го пратил писмото бидејќи сакал таа да му биде прва девојка.

– Драга Ешли, дали би сакала да бидеш моја девојка? Многу ми се допаѓаш! Те молам заокружи „да“, „не“ или „можеби“ – напиша момчето.

За жал, фаталната Ешли го одби и заокружи „не“, но додаде и малку надеж за во иднина.

– Жал ми е, но јас веќе имам момче, се вика Кајли. Кога ќе ја прекинеме врската, ти ќе бидеш мојот следен избор. П.С. Тоа, веројатно, ќе биде за еден или два месеца – напиша девојчето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top