| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Првиот компјутер на светот – стар 240 години

prviot kompjuter

Дизајниран во 1770 година, овој мал робот, наречен „Писателот“, е креиран од швајцарскиот часовничар Пјер Жак-Дроз, кој важи за најдобриот дизајнер на автоматски механизми. Токму овој уред како кукла се смета за најстариот пример за компјутер во светот.

Овој уред надворешно изгледа едноставно – малото момче прицврстено на биро што држи перо може да биде погрешно перцепирано како кукла.

Но во внатрешноста се крие врвна автоматизирана механика: 6.000 специјално изработени компоненти, кои работат заедно како дел од машината за пишување, која има способност за програмирање.

Токму овој мал робот многумина го сметаат за најстариот пример за компјутер во светот. Ова не е единствен уред од ваков тип на авторот. Пјер Жак-Дроз има направено три вакви автоматски машини, кои и до денес се сметаат за научни ремек-дела.

Во ова видео од докуметарецот на „Би-Би-Си“ „Механички чуда: Часовничарски сништа“ (Mechanical Marvels: Clockwork Dreams), може да погледнете зад дизајнот и конструкцијата на оваа извонредно комплексен маханичко-автоматски уред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top