| четврток, 6 декември 2018 |

Мона Лиза во борба против рак

Мона Лиза на Да Винчи во новата кампања во борбата против рак е прикажана без коса. Ремек-делото на ренесансниот уметник е искористено за да се сврти вниманието кон болните од тумор и последиците од лекување со хемотерапија.

Познатата Мона Лиза остана без нејзината долга коса за добра цел.

Италијанската лига за борба против ракот реши да ја искористи познатата слика на ренесансните мајстори во нивната нова кампања сакајќи со тоа да го промени ставот на средината према лицата кои страдаат од оваа болест.

– Тумор го менува животот, но не и неговото значење – е слоганот на кампањата.

За иницијаторите на кампањата, потребна е таквата шок порака – целта е да се привлече вниманието на храброста на пациентите и важноста на нивниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top