| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган до ЕУ: Ако не примате примајте не, ако не, се откажуваме

erdogan
Турција веќе 50 години чека да влезе во ЕУ, па затоа е време да ни кажат дали сакаат да не примат или не, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пред заминувањето на неговата мини-европска турнеја, во чии рамки ќе ги посети Чешка, Словачка и Унгарија.
“Ќе и кажам на ЕУ: Ако имате намера да не примите, примете не. Но, ако сакате да се откажеме (од членството), подготвени сме да го разгледаме и тоа прашање. Земја која 50 години чека пред вратата на ЕУ, мора да донесе некаква одлука“, нистакна Ердоган, додавајќи дека Шангајската петорка не може да биде алтернатива на членството во ЕУ.
Тој најави дека тема на неговите разговори со европските партнери ќе бидат односите Турција-ЕУ, кипарското прашање, палестинскиот проблем, кризата во Сирија и настаните во Северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top