| четврток, 6 декември 2018 |

Сенатот забрани вработување или отпуштање заради сексуална ориентација

US-JUSTICE-GAY-MARRIAGEАмериканскиот Сенат, во кој мнозинство имаат демократите, синоќа усвои историски Предлог-закон кој на компаниите им забранува да вработуваат или отпуштаа лица врз основа на нивната сексуална ориентација. Пред да стапи во сили законскиот текст треба да биде усвоен и во Претставничкиот дом.

Една деценија по првиот неуспешен обид да се усвои вакво законско решение, законот за забрана на дискриминацијата на пазарот на трудот беше усвоен со 64 гласа „за“ и 32 „против“. Десет сенатори републиканци и двајца независни им се приклучија на 52-та демократи во поддршка на текстот на законот.

Критичарите на текстот се жалат дека оваа нормативна мерка претставува федерална интервенција на работното место, што работодавачите „ќе ги принуди да ги прекршат своите верски убедувања“ при одлуката кого да примат на работа. Неговите поддржувачи пак велат дека законот на луѓето ќе им дозволи да изберат да кажат што се без да стравуваат дека ќе ја загубат својата работа.

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама изрази задоволство од усвојувањето на Предлог-законот, нагласувајќи дека тој има за цел да стави крај на неправдата, некои Американците да добијат отказ од работа само затоа што се хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци или трансексуалци.

За да стапи во сила, Предлог-законот треба да биде усвоен и во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците. Претседателот на Долниот дом на Конгресот, Џон Бојнер веќе се изјасни против оваа законодавна мерка, која, според него, им штети на фирмите. Засега Бојнер не го закажал датумот за гласање по текстот во Претставничкиот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top