Повеќе од половина работоспособни граѓани на Србија во текот на животот работеле „на црно“, покажува анкетата на агенцијата „Фактор Плус“, а пренесе српскиот весник Политика.
Од илјада испитаници, една петтина од Србите преку работа „на црно“ заработуваат дополнителни приходи, а секое десетто вработено лице во Србија е принудено да работи непријавено за да може да го прехрани своето семејство. Четвртина од анкетираните изјавиле дека работеле „на црно“ затоа што тоа од нив го барале нивните работодавци.
На прашањето „дали сте задоволни со работата што ја работите на црно“, дури 54 отсто од испитаниците дале негативен одговор, 21 проценти рекле дека се „делумно задоволни“, а само 10 отсто се „целосно задоволно“.
Дури 40 проценти од анкетираните изјавиле дека немале проблеми со властите поради нивната работа „на црно“, а 30 отсто признале дека се соочиле со законски последици поради ваквото работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


