| четврток, 6 декември 2018 |

Сара од Дајте музика денес е дефектолог

Каде се...

31.S.CepisevskaСтево Чепишевски и малечката Сара Чепишевска се ликови кои некогаш често ги гледавме на малите екрани. Малечката Сара ја запознавме преку Дајте музика кога слаткото русокосо девојче пееше за зелката која има кошули 300. Стево Чепишевски пак беше чест изведувачна македонските фестивали, придружен вокал на евровизиските настапи. Ги побаравме да ги прашаме каде се денес, со што се исполнети нивните денови. Го најдовме тато Стево Чепишевски.

– Денес свирам со музичка група, заедно со Џафер, Фис, Венс… Работам студиски, како придружен вокал – вели Чепишевски.

Тој пред десетина години одлучи да заврши со авторските изведби, поради што и се поретко почна да се појавува на малите екрани. Го паметиме по многуте хитови, дуети, особено оној со Тања Станковиќ „Ти“.
-Сега кога не сум авторски изведувач, нема зошто да се појавувам на Тв екраните – коментира тој.

Малечката Сара, која после „Дајте музика“ се појави како водител на „Сител бамбини“ и на „Златна бубамара“ денес има 25 години. Таа е дипломиран дефектолог-логопед. Ангажирана е со дечиња со посебни потреби на кои им помага во секојдневните активности.

-Сара се откажа од телевизијата. Едноставно заврши таа детска љубов кон екраните. Во тоа време уживаше во она што го работеше, но како минуваа годините таа се посветуваше на нови работи кои ја исполнуваа. Почна да тренира пливање, имаше добри резултати. Сега е посветена на професијата. Сама одлучи дека не сака повеќе да биде на екраните. Го избра она што го сака – вели нејзиниот татко за „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top