Основниот суд Скопје 1, ги осуди на вкупна затворска казна во траење од три години скопјаните А.А. ( 47 г.), Н.А. ( 19 г.) и Б.М. ( 33 г.) за кривичното дело – Тешка кражба, јавува Нетпрес
На 16 февруари 2011 година околу 01.30 часот во скопското село Огњанци, во месноста викана „ Евра “ тие заедно се обиделе да одземат еден 100 киловолтамперски трансформатор, сопственост на ЕВН Македонија. Додека Б.М. внимавал да не наиде некој, другите двајца обвинети, од бетонски столб на која се наоѓал трансформаторот го прекинале снабдувањето со електрична енергија, ги исекле каблите, го бутнале трансформаторот на земја и почнале да го демонтираат. Во моментот на извршување на делото биле фатени на лице место од локалната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)