| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Добро е што Меркел се запознала со процесот што го води Нимиц

Bundeskanzlerin Angela Merkel empfängt Matthew Nimetz, UN-Vermittler für Mazedonien 2013Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Ангела Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупите играчи во Европа во делот на политичките случувања, оцени Груевски за средбата на посредникот Метју Нимиц со Ангела Меркел, додавајќи дека од тој аспект Македонија не гледа ништо лошо во тоа, напротив гледа добро.

 – За нас е добро Германија да биде добро запознаена со случувањата со она што во минатиот период се случуваше во односите со нашиот јужен сосед затоа што ние мислиме дека имаме исправна позиција и имаме конструктивна позиција во тој дел. Токму кога една таква значајна држава како Германија ќе биде во детали запознаена, ние само позитивно можеме да гледаме на тоа и никако поинаку – истакна премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top