| четврток, 6 декември 2018 |

Волерс: Добро е што Нимиц се консултира со Меркел

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, ја смета за позитивна неодамнешната средба на посредникот во спорот со името, Метју Нимиц, со канцеларката Ангела Меркел. Волерс истакнува дека САД го поддржуваат процесот под водство на ОН, јавува „Дојче веле“.

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на американската амбасада за разговорите меѓу преговарачот за спорот со името Метју Нимиц и германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека го поддржуваат процесот и оти е добро што Нимиц се консултирал со Меркел.

– Имаме кажано дека го поддржуваме процесот и под раководство на Обединетите нации и поединечните разговори на амбасадорот Нимиц со засегнатите страни. И Европа е засегната, а Германија е важна држава во Европа, така што, ако амбасадорот Нимиц се консултирал со канцеларката Меркел, тоа е добро. Не ја познавам содржината на разговорот, но сигурен сум дека ја запознал со позициите на двете засегнати страни – вели Волерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top