Бил Гејтс изби на првото место на најновата листа на Блумберг на стоте најбогати луѓе на планетата. Според Блумберг, милијардерите само оваа година заработиле дополнителни 200 милијарди долари, така што сега располагаат со богатство во висина од 2,1 билион долари.
Првиот човек на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, е најбогатиот човек на планетата, при што неговото богатство годинава е зголемено за 102 милијарди долари на 75,5 милијарди долари.
На второто место по Гејтс е ланскиот „шампион“ Карлос Слим, во чија сопственост е најголемата латинскоамериканска телекомуникациска компанија „Америка мовил“. Богатството на Слим оваа година е намалено за 12,9 отсто, на 68,3 милијарди долари.
Трет најбогат човек е Амансио Ортега, најбогат Шпанец и сопственик на шпанската модна куќа „Зара“, чие богатство е проценето на 64,5 милијарди доалри, а по него следува американскиот милијардер Ворен Бафет, сопственик на „Берксаир Хатавеј“, со 58,6 милијарди доалри.
Петта позија ја зазема Инград Кампрад, основач на шведската компанија ИКЕА, чие богатство изнесува 51,5 милијарда долари.
Најголем „добитник“ годинава е најмладиот мултимилијардер, основачот и директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, чие богатство е двојно зголено на 24,5 милијарди долари.
На листата на стоте најбогати луѓе во светот има сопственици на супермаркети, на луксузни брендови, на рафинерии за нафта, на фабрики за цемент… Тие се на различна возраст, од 29-годишниот Цукенберг, па до 93-годишниот Карл Алберхт, кој ги поседува синџирот супермакети „Алди суд“.
– Нивна заедничка карактеристика е тоа што најголемиот дел од годината го поминуваат во обид да направат дополнителни пари – оцени Блумберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.