Згодни разголени девојки ќе се капат во базен полн со чоколадона чоколадната забава закажана за сабота во ноќниот клуб „Лолипоп“ во Куманово. За музиката ќе се погрижи диџеј Цобе.
Ова е дел од оригиналните тематски забави во „Лолипоп“, кои личат на западноевропските концептуални забави. Пред две недели клубот направи плажа-забава, со модели во бикини, лежалки и вештачки песок.
В петок во истиот клуб се организира забавата „Превртување“ со битолскиот бенд „Коунтри диџеј“. В недела е караоке забавата по повод денот на ослободување на Куманово, со Саше Морж, а ќе се пеат македонски и хитови од поранешните југословенски простори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


