Просечната годишна куповна моќ по жител во 42 земји во Европа изнесува 12.890 евра, а во Македонија речиси петпати помалку – 2.714, покажува најновата студија „Куповната моќ во Европа 2013/2014“ на глобалната германска истражувачка компанија ГФК, пренесува пораталот „МКД“.
Во Европа разликите во куповната моќ по региони и меѓу државите се многу големи.
На прво место е Лихтенштајн, каде што годишната куповна моќ по жител изнесува 58.844 евра или 4,5 пати повеќе од европскиот просек. На второ место е Швајцарија со 36.352 евра, а во Норвешка секој жител има годишно на располагање 31.707 евра. Меѓу првите десет земји се и останатите скандинавски земји.
Најблиску до европскиот просек е Шпанија со 12.379 евра, а во Португалија е 10.018 eвра. Во Германија овој просек е 20.621 евра, Полјаците се на 28. место со 5.870 eвра, a Украинците годишно на располагање, во просек, имаат 2.206 евра. Молдавија е убедливо последна со 1.284 евра по жител.
Во извештајот пишува дека од вкупно расположивите пари, жителите на богатите земји повеќе плаќаат за станарина и за други трошоци, но, сепак, на крајот многу повеќе им останува за потрошувачка отколку на жителите на посиромашните земји.
Во Србија овој просек е 3.032 евра и е на 34. место во Европа, а во Македонија 2.714 евра за 38. место. Жителите на Албанија, Босна и Херцеговина и Косово се подолу на оваа ранг листа.
Од нас подобри се и Романија, Унгарија и Хравтска, а во Бугарија просекот е 2.919 евра.
Куповната моќ во оваа студија се пресметува со номиналните расположиви примања, без данок и социјални придонеси и се пресметува за секој жител во евра и во индексни бодови.
ГФК е една од најголемите компании за испитување на пазарот во светот и има околу 13.000 вработени во повеќе од стотина земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


