| четврток, 6 декември 2018 |

Квадратот во турските кули во Аеродром од 1.100 евра па нагоре

7 kulite

Од утре почнува продажбата на становите во висококатниците во општина Аеродром. Во промотивниот период на продажба вкупно 688 стана ќе се продаваат во блоковите А и Б по цена од 1.100 евра за метар квадратен.

Инаку, во зависност од катот на кој се наоѓа станот, цените ќе се движат и до 3.000 евра за метар квадратен.

Во првата половина од 2016-та година кај висококатниците ќе биде изграден и трговски центар, а во 2017 ќе биде означен крајот на целиот проект со изградени 1.376 стана во четири кули.

Генералниот директор на „Џеваир холдинг“, Есер Џеваир посочи дека на станарите ќе им бидат дадени на располагање базен, фитнес центар, турска бања, игралиште за деца и многу други содржини кои бесплатно ќе ги користат.

Компанијата „Џеваир холдинг“ 50 години работи во секторот за недвижнини, има изградено 1,5 милиони квадратни метри и вработено околу 7.000 лица.

Генералниот директор нагласува дека добрата соработка меѓу Македонија и Турција беше пресудна за оваа инвестиција.

Од управата на компанијата ги негираат информациите дека во близина на висококатниците ќе се гради џамија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top