| четврток, 6 декември 2018 |

Северина не сака да ја фотографираат од блиску

Северина одржа конференција за печат за медиумите по повод концертот во Сплит на 6 декември, но пред почетокот на конференцијата нејзиниот телохранител имал посебни побарувања за фотографите и за снимателите.

41-годишната пејачка по 11 години повторно ќе настапи во родниот град, а додека траела конференцијата, телохранителот внимателно ги разместувал фотографите.

На камерманите им забраниле да не ја зумираат пејачката, а на фотографите им дозволиле да фотографираат само по првиот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top