Провокативните фотографии на кои пејачката позира во црна долна облека, со машка кошула и пиштол в рака, беа објавени на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
Станува збор за новата промотвна кампања на Елена Ристеска, која по кратката пауза од македонската сцена, посветеноста на студиите и на брачниот живот, очигледно, реши повторно да го прави она што најдобро ѝ оди.
Станува збор за нејзиниот нов албум, втор во нејзината кариера, кој треба да излезе кон крајот на годинава. Последно нешто што го слушнавме од неа беше песната „Опасно време“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




