Косово е суверено и независно, со меѓународно признат територијален интегритет и никој не може да претендира да ги измени границите во регионот, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за босанската телевизија БХТ1.
Тачи воедно порача дека Косово е мултиетничко и нема да се гради само на етнички основи.
Косовскиот премиер најави и демократски реформи во областа на економијата, законодавството и политиката.
На прашање дали и кога Србија ќе биде подготвена да ја признае независноста на Косово, Тачи вели „сега е важно да се работи на нормализација на односите, а ќе дојде и тоа време“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.