| четврток, 6 декември 2018 |

Касиљас останува во Реал до крај на договорот

Иако имаше шпекулации дека во зимскиот преоден рок ќе замине од Реал Мадрид, сепак Икер Касиљас денеска изјави дека ќе остане во клубот од истекот на договорот, кој е со важност до 2017-та година

741px-Iker_Casillas_(2007)

 

-Нема да го менувам клубот во јануари, а нема ниту во јуни. Останувам во Реал Мадрид до истекот на договорот, изјави Касиљас.

Касиљас пред извесно време изјави дека му е тешко да ја одржи формата бидејќи настапува само во Лигата на шампионите, а многу медиуми ова го протолкуваа како желба на голманот да замине од клубот.

Касиљас е во првиот тим на Реал Мадрид е од 1999-та година и досега забележа 658 настапи..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top