| четврток, 6 декември 2018 |

„Сочни“ пцости за Бранко Црвенковски

Граѓаните бесни и нервозни поради блокадите на СДСМ на Скопје, а не недостасуваа и пцости упатени кон челникот на опозицијата Бранко Црвенковски

opozicijaБлокадата на СДСМ во центарот на градот Скопје предизвика хаос, збунетост и нервоза кај граѓаните.

До голем дел од Скопјани не допрела вчерашната најава на опозицијата дека со автомобили ќе го блокира градот и затоа беа затечени од блокадата на СДСМ.

Тоа создаде огромна нервоза меѓу луѓето кои денеска, на дождливото време, морале да излезат од своите домови.

На скопската автобуска „Рекорд“ голем број лица ги чекаа автобусите да пристигнат за да се упатат кон саканата дестинација. Но, поради блокада на раскрсницата кај трговскиот „Палома Бјанка“ возилата беа оневозможени да минат. Минаа речиси 20 минути за патниците да сватат дека ќе мора долго да го чекаат своето превозно средтво. Тоа предизвика нервоза и гласно упатени пцости на сметка на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Дел од лицата заминаа на околните автобуски станици, а дел останаа и натаму да ги чекаат автобустите.

Инаку, колоната автомобили предводена од лидерите на опозицијата, денеска точно напладне тргна од пред салата „Јане Сандански“, продолжи кон Ново Лисиче, а потоа по булеварот „Јане Сандански“ се упати кон Народната банка на Македонија.

Ова не е прв случај Скопје да се блокира со автомобили. Такво нешто се случи во 2004 година кога ВМРО- ДПМНЕ со возила протестираше против носење на Законот за територијална организација, кој од денешен аспект се покажа како многу погубен за Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top