| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли крај на симулирањето на Ешли Јанг (видео)

Пред еден месец Дејвид Мојес јавно му се закани на Ешли Јанг дека нема да игра во неговиот тим доколку симулира фаул во шеснаесетникот на противниците пред очите на целиот стадион.

На таквата игра на Јанг реагираше и сер Алекс Фергусон, на кого веќе му донесе неколку непостојни пенали.

Во Сан Себастијан повторно беше во акција. Доби најстрога казна поради влечење иако многумина мислат дека тоа беше неисправна одлука на судијата. Овој пат во негова одбрана застана и Мојес, кој тврди дека судијата добро видел што се случило.

Сепак, за жал, на Јунајтед, Ван Перси го промаши пеналот, а вие сами проценете кој е во право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top