Македонската фолкерка Андријана Сонце преку весник се откажала од својот тако бидејќи ја занемарувал. Таа во емсисијата Фаци низ солзи раскажува дека не ѝ треба ништо од богатството на нејзиниот татко, бизнисмен во Чешка, пренесува Либертас.
– За ова ја имам целата подршка од мајка ми која е во фаза на разведување од него, како и од брат ми. Тој не заслужува да го
носиме неговото презиме, и еве со оглас во службен весник напишав дека се откажувам од него и дека не ми треба никаков
надомест, односно наследство од неговиот имот, кој го има стекнато со бизнисите. Не ми треба ни мене, ни на моите, неговото
материјално богатство, кога не е никогаш крај нас, кога сме среќни или тажни за заедно да ги споделиме тие чувства – вели Андријана.
Вели, подобро е вака за да не ја измачува неговата незаинтересираност за сопствените деца.
– Можам и без него и без неговото богатство, сама ќе се борам низ животот како што правев и досега. Не е се во парите – додава
Андријана за Фаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се роди Илина, ќерката на Сара и Димитар (ФОТО)
-
Не ги криел солзите: Популарниот актер стана татко!
-
Татко предупредува: Ако имате или посетувате новороденче, мијте си ги рацете
-
ВМРО- ДПМНЕ: 11 години затвор за Џафери и Костовски ако во „Службен весник“ ги објават законите без потпис на Иванов (видео)