Вечерва со почеток во 20 часот ќе се игра најнаградуваната претстава на годинешното издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ – претставата „Женидба“ од Н.В. Гогољ, а во режија на Дејан Пројковски.
– Нашата „Женидба“ е претстава за љубовта и, би рекол, повеќе е за потрагата по љубовта. Се занимаваме за темата на бракот, за одлуката и препознавањето на вистинскиот човек. Има повеќе стилови во актерската игра, која кулминира во гротеска како специфичен актерски израз, а се темели на два принципа, на Брехтовата максима дека театарот треба да забавува и на Шекспировата дефиниција за театарот дека сè се случува сега и овде – вели режисерот Дејан Пројковски.
Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Нина Деан, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Игор Георгиев, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Теоман Максут и Анкица Бенинова.
Сценографијата е спонзорирана од фирмата „Златна рака“ и ја изработи Валентин Светозарев. Костимограф е Благој Мицевски, а музиката е на Горан Трајковски. Во претставата има и 3Д мапинг, првпат во затворен простор.
Гогољ ја напишал комедијата „Женидба“ како коментар на популарните романтични комедии од почетокот на 19 век во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
Валентин Светозарев искористи изгорени дрва од пожар за сценографија на „Орестија“ во режија нан Пројковски
-
Дејан Пројковски ја режира „Орестија“ на „Сплитско лето“
-
Дејан Пројковски за претставата „Ромео и Јулија“ доби театарски „Оскар“ во Турција