| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на ЦИА: Груевски со два и пол пати поголем рејтинг од Заев

CIA lideri

Според последната анкета на Центарот за истражување и анализа (ЦИА), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, има два и пол пати поголем рејтинг од неговиот директрен сопреник, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Груевски има рејтинг од 34,1, а Заев 13,6. Од останатите лидери на партии, позначаен рејтинг има само Стевчо Јакимовски со 6,4 проценти.

Слична е ситуацијата и меѓу двете најголеми партии. На прашање за кого би го дале својот глас на следните парламентарни избори – за СДСМ се 14,7 отсто од гласачите, додека за ВМРО-ДПМНЕ 31 отсто.

CIA partii

Од партиите позначаен рејтинг имаат ДУИ со 5,8 отсто и ГРОМ на Јакимовски со 5,3.

Интересно е тоа што најголемиот дел од граѓаните, 44 отсто се против предвремени парламентарни избори да се одржат со претседателските идната година.

CIA izbori

Од ЦИА велат дека ова е најобемно истражување досега. Анкетарите директно анкетирале 3672 граѓани. Можноста за грешка според оваа организација е +/- 1,6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top