Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, по повод одржувањето на 37-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, од денеска престојува во работна посета на Париз. Канческа-Милевска, која е и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, ќе има свое обраќање пред учесниците на Генералната конференција, која се одржува од петти до 20-ти ноември.
Во рамките на работната посета, предвидено е Канческа-Милевска да оствари работни средби со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова, и со министерката за култура на Република Франција, Орели Филипети.
На Генералната конференција на УНЕСКО, на која учествуваат високи претставници на повеќе од 200 држави, ќе бидат разгледувани повеќе значајни прашања, а се очекува да биде потврден и новиот мандат за Генерален директор на УНЕСКО на досегашниот прв човек на оваа организација, Ирина Бокова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО