
Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот премиер Никола Груевски.
Рама во рамките на посетата ќе се сретне и со шефот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Средбата на двајцата премиери е продолжување на позитивната практика меѓу двете држави за средби на највисоко ниво. Ќе се разговара за повеќе теми од заеднички интерес, дополнително унапредување на билатералната соработка, за соработката на полето на економијата и трговската размена, како и за реализација на крупни инфраструктурни проекти и за европските и евро-атлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се стратегиска определба на двете земји.
Ова е прва посета на Рама откако во септември ја презеде премиерската функција и воедно прва официјална средба со неговиот македонски колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


