Кинеска (28) од градот Мулинг посакала мало секусално освежување надвор од својот брак и побарала партнер на интернет меѓутоа тоа што следело не можела да го замисли ни во својот најголем кошмар… Мажот желен за секс кој ја дочекал на состанокот, кој бил договорен под прекари и лажни фотографии, бил ни помалку ни повеќе туку нејзиниот свекор Ванг Паи (57).
Но, камо среќа да останело само на тоа. Синот на Њанг, Да Јун, ги пронашол компромитирачките текстуални пораки и трганл по својата сопруга во хотелот за да ја фати на дело.
Кога ги затекнал сопругата со својот татко, на неа и скршил три заби а на таткому му задал повреди на главата поради кои завршиле во болница, пишува „Чајна смек“.
– Тешко е да се каже кој беше во поголем шок кога ја отворив вратата во хотелската соба , снаата или јас. Веднаш се сврте да си оди но налета на мојот син – изјавил Ванг Паи, кој на својот бесен син не стигнал да му објасни дека не планирал да ја изневери неговата мајка со снаата.
Свекорот на интернет се претставил како вдовец и директор на фирма, и постави фотографија од свој пријател од војска, додека пак снаата пишала дека нејзиниот сопруг отслужува петгодишна затворска казна и приложила фотографија од нејзина пријателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


