| четврток, 6 декември 2018 |

Женски професии кои ги „палат“ мажите

Мажите најчесто фантазираат за жена од следните професии:

Медицинска сестра

29.03.dolen-ves3

На голем број од нас ни се случило да добиеме тупаница во око, топка во тестисите, да ги оперираме лигаментите и да поминеме неколку денови во болница.

Така немоќни, очајни и болни, ги запознаваме нив. Добрите ангели со топломери, на коишто им ѕирка деколтето. Сестрите инаку ги делиме на оние со светлосини, темносини и црни униформи.

Тие во црните не ги допираме, темносините се главни, така што за нијанса поискусни, а оние светлосините се млади, поспани од дежурството и единствени жени кои се постојано околу нас. Кога ќе дојде да ти измери температура во раните утрински часови, а ти никаков, во болнички пижами… кој не би помислил!

Директорка

pam-direktorka3

Голем број мажи имаат влажни сни после нивниот разговор со нивната шефица. Воглавно никогаш не се задоволни од нашата работа и скоро секогаш нѐ викаат во нивните канцеларии или за да ни ја намалат платата или да не опоменат дека треба да работиме подобро.

А на сите нас во главата ни се врти само една работа – да се соблечат, да го покажат нивното тело, да ја фрлат кошулата и да речат: “Дојди да ти покажам како се “работи”, ти никаков работнику!”, па да летаат очила, документи од масата, телефони, компјутери…

Масерка

jennifer-love-hewitt1-520x346

Кој маж не би сакал една релаксирачка масажа да заврши со еден добар и жежок секс? Посебно со нивните прекрасни и нежни раце, со коишто прават вистински чуда! А тука до масата, на дофат се и некои етерични масла, лосиони, и прекрасни средства со кои сексот би бил уште пожежок!

Масерките се закон!

Полицајка

policajka-645x385

Често слушаме приказни за врзување, лисици, јажиња и секакви ситни перверзии. Не знаеме дали тоа е секси поради некои проблеми од детството, проблем во психата, но доминантната жена е навистина секси, особено ако е во толку моќна униформа.

А има нешто посекси од вистинска полицајка со вистински лисици да те врзе за креветот и…. ?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top