Од денес нема да можете да одберете дали сакате да ве пронаоѓаат по името додека пребаруваат по социјалната мрежа.Ќе може да ве пронајде секој кој ќе го напише вашето име и презиме.
Досега во опциите на оваа социјална мрежа постоеше избор вашето име и профил да не се видливи за јавноста – освен за оние со кои имате заеднички пријатели. Опцијата е тргната поради тоа што многу слабо се користела.
Сепак и понатаму може да ограничите што да биде видливо за оние кои не ви се пријатели, да ги затворите вашите слики и постови. Па доколку некој ве побара на Фејсбук ќе може да ја види само вашата профил слика и името но не и останатата содржина на вашиот профил.
Социјалната мрежа до сите оние кои ја имале вклучено оваа опција деновиве испрати потсетник дека опцијата се гаси.
„За мал процент корисници кои ја користат оваа опција го вклучивме информирањето и потсетник дека во текот на претстојните недели ја гасиме. Дали ја користите или не, опцијата на приватност и видливост на содржините кои ги објавувате на Фејсбук најдобро е да ја одредувате во секоја поединечна објава“, стои помеѓу останатото во официјалната изјава од Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


